Диплома факултет
Фото: Pexels

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Јавна тајна е, луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг, дека се стекнале со такви дипломи, но, како што кажав, тешко се докажува оти едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело – вели Јаневска

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како што истакна, двете страни се учесници и треба да одговараат зашто сториле криминално дело.

-Јавна тајна е, луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг, дека се стекнале со такви дипломи, но, како што кажав, тешко се докажува оти едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело. Но, бидејќи е и јавна тајна и бидејќи имаме инструменти со кои можеме да провериме каков е квалитетот на образованието во одредени високо-образовни институции, ние тоа го правиме. Има недоречености во Законот, има нешта во минатото што не се направени, на пример евалуации од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование. За да можеме да го затвориме процесот, мора да направиме измени во законите за високо образование, за АКВО, за научно-истражувачка дејност, за иновации, … Она што ни го дозволува Законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти и затворивме 13, уште 13 се под силен мониторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме и една медицинска струка, сега ќе затвориме втора. Сè уште го докомплетираме процесот зашто не би сакала да не биде процедурата како што треба. Ќе го докомплетираме и ќе продолжиме во иднина во тој правец – истакна Јаневска.

Според неа, кога почнале проверките и затворањето, одреден број институти сами поднеле барање за затворање.

-Тие беа свесни дека не ги исполнуваат условите и ги затворивме – потенцира Јаневска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот