Стефан Јанев
Стефан Јанев / Фото: МИА

Јанев: Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки

Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки, изјави за БТА министерот за одбрана Стефан Јанев во првото интервју по преземањето на раководството на МО.

Според него, бугарските политичари мора да научат да дејствуваат какосубјект во однос на потребата да се заштити националниот интерес и да се усогласи со заедничкиот интерес на ниво на НАТО.

Јанев го коментираше својот став, објавен пред неколку дена на Фејсбук, во врска со можното распоредување на дополнителни трупи на НАТО во Бугарија и прецизираше дека изразил личен став во својство на министер за одбрана.

– Ова се уште не е национален став и од оваа гледна точка не треба да се шпекулира дека тоа е официјален став на Бугарија во моментов, рече тој.

– Мојот апел е националниот став да биде добро аргументиран, во согласност со националниот интерес и секако во согласност со заедничките интереси на колективната безбедност на НАТО, рече Стефан Јанев.

Министерот за одбрана на БУгарија истакна дека треба да се развиваат сопствените капацитети, потсетувајќи дека како членка на НАТО државата е посветена на тој план.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот