Градежници работници/Слободен печат/фото Драган Митрески

Јакимовски донесе нови правила за издавање градежни дозволи во Карпош

Најстрого се забранува одобрување на проодни и непроодни тераси на објектите, односно проектирање рамен кров на новопроектираните објекти. При проектирање на поткровјето да се предвиди висина од плоча до плоча од 2,5 метри. Предметите за измена во тек на градба ќе ги потпишува градоначалникот. Ова се само дел од правилата во новиот правилник за издавање на е-одобренија за градење кој го донесе градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Во правилникот се наведува и дека при проектирање на приземјето висината треба да биде еден метар, односно предвидената рамка за паркирање да биде со поблаг наклон. Предвидените паркинг места на приземјето да бидат исклучиво за гости и да не се земаат во предвид при пресметката за потребен број паркинзи, а правило станува и обврската секој објект што се упишува во катастар да има потврда дека со секој стан е купено и паркинг место.

Јакимовски донесе и правило со кој се забранува употреба на багери гасеничари при изградба на објекти за што изведувачот и инвеститорот мора да потпишат изјава дека освен тоа што нема да користат газеничари, ќе користат багери помали од 3,5 тона и камиони кипери чија носивост е до најмногу 10 тона. Инвеститорот овие изјави мора да ги достави пред да добие правосилност на одобрението за градба.

Неодамна од Општина Карпош објаснија дека при ископи на земја во зона на индивидуално домување многу често се користат багери со голем габарит, дури и потешки од 25 тона, кои ги оштетуваат станбените улици, ги разоруваат рабниците и тротоарите, потоа тука навлегува вода и преку зима со мразовите се уништува асфалтот на улицата. Овие багери се голема опасност за безбедноста на граѓаните поради нивниот габарит и бидејќи работат на нафта, се и големи загадувачи, посочија од Општината.

Непочитувањето на овие одредби ќе повлекува последици по инвеститорот и изведувачот, дури и со поништување на градежната дозвола и ќе бидат ставани на црна листа како инвеститори во општина Карпош на кои потоа нема да им се даваат одобренија за нови градби, посочија од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот