Сок од магдонос / Фото: Olga Kriger / Alamy / Profimedia

Ја намалува надуеноста и има повеќе железо од спанаќот: Сокот од ова растение е вистинско здравје во чаша!

Една од најчесто користените растенија во кујните ширум светот, позната по својот ароматичен вкус и свеж мирис, е магдоносот. Освен што ги збогатува јадењата, тој е вистинско богатство на здравствени придобивки – ги прочистува бубрезите и помага во исфрлањето на вишокот вода од организмот, го забрзува опоравувањето од настинки и вирусни инфекции, помага при лош здив, ги ублажува менструалните болки и грчеви, го намалува холестеролот и крвниот притисок, пишува „Живим“.

Магдоносот е богат со витамини А, Ц и К, како и со минерали како железо и калиум, па освен како состојка во супи, чорби, гулаш и сосови, може почесто да се користи свеж, во форма на сок. Без разлика дали го консумирате самостојно или во комбинација со други свежи состојки како целер и лимон, пиењето сок од магдонос е едноставен, но ефикасен начин за поддршка на вашето здравје. Во продолжение се некои од неговите придобивки:

1. Ја зајакнува имунолошката функција

Магдоносот е богат со апигенин, соединение што помага во регулирањето на имунолошкиот одговор и борбата против хроничните воспаленија. Една шолја свеж магдонос обезбедува повеќе од 133% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој е клучен антиоксиданс за зајакнување на имунитетот и заштита од оксидативен стрес.

2. Го намалува лошиот здив

Поради високата содржина на хлорофил, магдоносот делува како природен дезодоранс, неутрализирајќи го лошиот здив и елиминирајќи ги бактериите што предизвикуваат непријатни мириси.

3. Природен диуретик

Сокот од магдонос е природен диуретик што помага во намалување на крвниот притисок и исфрлање на токсините од телото. Истражувањата покажале дека може да го зголеми волуменот на урина и да го спречи создавањето на бубрежни камења со балансирање на pH-вредноста на урината.

4. Го намалува воспалението

Богат со витамин Ц, бета-каротен и еугенол, магдоносот помага во борбата против воспалителни процеси. Доказите покажуваат дека може да ги ублажи симптомите на остеоартритис, ревматоиден артритис и астма.

Магдонос / Фото: Pexels

5. Ја прочистува крвта

Хлорофилот во магдоносот помага во детоксикација на крвта и создавање на нови црвени крвни клетки. Дополнително, го поддржува здравјето на срцето со спречување на создавање на крвни згрутчувања и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

6. Го ублажува надуеноста

Магдоносот со векови се користи за третман на дигестивни проблеми, како што се надуеност, гасови и запек. Содржи есенцијални масла што го подобруваат здравјето на цревата и го олеснуваат исфрлањето на гасовите.

7. Ги зајакнува коските

Богат со витамин К, магдоносот го поддржува здравјето на коските преку подобрување на апсорпцијата на калциум и намалување на ризикот од фрактури и остеопороза. Исто така, високиот процент на витамин Ц ја поттикнува продукцијата на колаген, кој е клучен за јачината и флексибилноста на коските.

8. Го поддржува здравјето на бубрезите

Сокот од магдонос е еден од најдобрите природни лекови за бубрезите. Содржи соединенија како апиол и миристицин, кои го поттикнуваат нивното функционирање, го спречуваат создавањето на камења и ја поддржуваат детоксикацијата со зголемување на производството на урина.

9. Ги зголемува нивоата на железо

Магдоносот е исклучително богат со железо – содржи двојно повеќе од спанаќот. Бидејќи железото е клучно за создавање на црвените крвни клетки, сокот од магдонос може да помогне во превенција на анемија предизвикана од недостаток на железо. Високата содржина на витамин Ц ја подобрува апсорпцијата на железото, правејќи го уште поефикасен.

10. Го подобрува видот

Магдоносот е добар извор на провитамин А каротеноиди, вклучувајќи бета-каротен, лутеин и зеаксантин, кои се неопходни за здравјето на очите. Истражувањата покажале дека овие состојки можат да го намалат ризикот од макуларна дегенерација поврзана со стареењето за дури 26 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот