
Ја изневери со дадилката: Итан Хок проговори за „понижувачкиот“ развод од Ума Турман
Актерот Итан Хок отворено проговори за „понижувачкиот“ развод од актерката Ума Турман, кој беше широко следен од медиумите во 2004 година, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Речиси е понижувачко, дури и кога зборуваат убави работи“, изјави актерот, кој со својата поранешна сопруга се запознал на снимањето на филмот „Гатака“ (Gattaca, 1997).
На прашањето зошто актерите често се заљубуваат на сет, тој одговори: „Постојат одредена интимност и имагинарна блискост во работата што ја правиме. Тоа е налет на адреналин. Чувството е опасно и возбудливо… Може да биде како летна романса на камп. Нема врска со секојдневниот живот. Тука е опасноста“.

Хок и Турман се венчаа една година по запознавањето и добија две деца – Маја, ѕвездата на серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), која денес има 27 години, и синот Левон (23). Но, во 2005 година Турман поднесе барање за развод, додека кружeа гласини дека Хок ја изневерува со нивната дадилка Рајан Шоухјуз.
Иако шпекулациите беа демантирани, Хок набрзо по разделбата започна врска со Шоухјуз. Двојката се венча во 2008 година и има две ќерки – Клементин (17) и Индијана (14).
По разводот, Турман сепак одбиваше јавно да зборува лошо за Хок. Таа започна врска со Арпад Бусон. Двојката се вери во 2008 година, а во 2012 ја добија ќерката Луна. Сепак, нивната турбулентна врска полна со разделби и помирувања заврши во 2014 година.
Подоцна се појавија шпекулации дека Турман е во врска со извршниот директор на медиумска компанија, Џастин Б. Смит, а следната година и со архитектот Питер Сабет.