Фото: илустрација / Архива на Слободен печат

Извршителите лани наплатиле безмалку 160 милиони евра долгови

Минатата година извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра. Ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по рекордната 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра, покажуваат податоците од Комората на извршители, врз основа на кои порталот „Пари“ ги направи овие пресметки.

Лани имало 93 извршители со 327 вработени, а во 2008 години имало 54 извршители со 231 вработен. Минатата година, бројот на вкупно примените барања за извршување во извршителските канцеларии изнесувал 170.325. Бројот на завршени предмети, пак, бил 76.572.

Комората на извршители е формирана во 2006 година и според нејзината евиденција, за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот