Фото: МИА

Извозот на огревно дрво од БиХ забранет на 90 дена

Извозот на огревно дрво од Босна и Херцеговина е забранет на 90 дена, едногласно одлучи Советот на министри на БиХ на седницата во Сараево.

Предлогот на одлуката за привремена забрана за извоз на одредени шумски дрвни сортименти, огревно дрво и производи од дрво беше единствената точка за која се расправаше, на предлог на Министерството за надворешна трговија и економски односи.

Ресорниот министер Сташа Кошарац по седницата изјави дека одлуката предвидува привремена забрана за извоз на пелети и огревно дрво до крајот на септември, односно за период од 90 дена.

Тој посочи дека цената на пелетите е зголемена за 155 отсто во однос на лани, а извозот на пелети во првиот квартал е зголемен на 78 отсто во однос на истиот период лани.

Оваа забрана Кошарац ја побара на 10 јуни, за да го спречи очекуваниот недостиг на домашниот пазар и неконтролиран раст на цените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот