Путин годишно обраЌање EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Извори тврдат: Путин предложил средба со Зеленски во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин, одби таа да се одржи во Москва, соопштија извори за АФП.

Според три извори, Путин ја предложил Москва како можна локација за состанокот во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски, меѓутоа, нагласил дека не е подготвен средбата да се одржи таму.

Доналд Трамп, кој бил домаќин на Зеленски и лидерите на Германија, Обединетото Кралство, Финска, Франција и Италија, како и на генералниот секретар на НАТО и претседателот на Европската комисија, бил предупреден дека изборот на Москва „не изгледа како добра идеја“.

Се очекува самитот меѓу украинскиот и рускиот лидер да се одржи до крајот на август, но локацијата сè уште не е потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот