Никола Груевски
Никола Груевски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изведени материјални докази на рочиштето за предметот „Плацови на Водно“

Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството. При презентацијата обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети.

Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев во овој случај, приговараше на изведувањето како доказ на договор за пренос на удел меѓу фирмите „Сиран“ и „Орка“.

– Доказите се прибавени на незаконит начин. Овој доказ не може да се третира од причина што недостасува потпис, печат и штембил на другата договорна страна, истакна одбраната на обвинетиот Јордан Камчев.

По изведување на материјални докази судењето за овој предмет влегува во фаза на презентација на вербални докази, односно сослушување на сведоци. Според најавите на Обвинителството, против обвинетите ќе сведочат десетина сведоци.

Обвинети во овој случај се, поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за кривичните делата „перење пари” и „за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева, кои се товарат за „перење пари”, како и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот