израелски воздушен напад врз , либанско погранично село со Израелво јужен Либан, Photo/Hussein Malla)

Израелските сили извршија два напади во Јужен Либан

Израелските сили извршија два напади во јЈужен Либан, објавија денес либанските медиуми.

Според извештаите, утрово во градот Аита ал-Џабал бил погоден автомобил во израелски напад со беспилотни летала.

Засега нема информации дали има жртви во нападот, објавува The Times of Israel.

Дополнително, израелските сили наводно срушиле куќа во јужниот либански град Мајс ал-Џабал во зори.
Либанските медиуми објавија снимки од куќата откако израелските војници си заминале.

Израелската војска не коментираше за ниту еден инцидент.

Вчера Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во воздушен напад во Јужен Либан е убиен Васим Саид Џабаи, член на дивизијата „Имам Хосеин“, иранска милиција која дејствува заедно со либанската милитантна група Хезболах.

Два дена претходно, во вторникот, либанскиот министер за надворешни работи Јусеф Раги објави дека либанската армија целосно ќе ја разоружа милитантната група Хезболах во близина на границата со Израел во рок од три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот