Заложник/фото: Принтскрин, платформа Х

Израелски заложник: Се плашам од ИД, борците на Исламскиот џихад неколку пати ми го спасуваа животот

Израелскиот заложник Александар Турбанов (28) изјави дека воените напади во Појасот Газа ги загрозуваат животите на затворениците, повикувајќи на протести во Израел со цел да се изврши притисок да се постигне договор за размена на заробеници со Палестинците.

Видеото од заложникот Турбанов го објави палестинската група Исламски џихад на својот канал Телеграм, пренесува N1.

Турбанов обраќајќи им се на Израелците рече дека треба да се сеќаваат на заложниците секогаш кога ќе јадат или пијат нешто.

„Сакам да ве потсетам дека кога го затворате преминот за да извршите притисок врз Палестинците во Газа, вршите притисок врз нас. Цела година во заробеништво, цела година со животот постојано во опасност поради воените операции кои наводно имале за цел да не ослободат. Борците на Исламскиот џихад неколку пати ми го спасуваа животот за да ја спречат мојата смрт. Некои од нив беа ранети, а други беа убиени обидувајќи се да ме одржат во живот“, рече Турбанов.

Заложникот со израелско-руско, двојно државјанство, исто така, рече дека израелското бомбардирање на Појасот Газа ги става во опасност животите на израелските затвореници.

„Сакам да ви кажам дека мојот живот е во опасност секој ден. Воените операции што Нетанјаху ги избра за да обезбеди наше ослободување на крајот ќе доведат до моја смрт. Почнав да се плашам од војската. Се плашам од моментот кога војската ќе дојде кај мене или од моментот кога ќе го бомбардираат местото каде што ме држат“, рече Турбанов.

Турбанов истакна дека многу заложници биле убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот