Архива

Израелски авиони удрија врз цели длабоко во Либан, Тел Авив вели дека Хезболах прв почнал

Израелските воздушни сили денеска нападнале две „воени локации“ во Либан, потврди војската, наведувајќи го присуството на оружје на Хезболах и наводното „прекршување на примирјето“ од страна на проиранската милитантна група, јави „Ерусалим пост“.

Според Израелската војска, присуството на оружјето, како и обидите за шверц на оружје на либанска територија преку сириската граница, претставувало кршење на сегашниот прекин на огнот.

Дополнително, Хезболах наводно се обидел да изгради инфраструктура во областите под напад.

Две воени локации за кои било откриено дека содржеле оружје на Хезболах во близина на реката Литани биле нападнати, соопшти ИД. Засега нема информации за евентуални загинати и повредени во нападите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот