Израелски тенкови EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската армија им нареди на жителите на Кан Јунис веднаш да се евакуираат поради планирани воени акции

Израелската армија денес им нареди на жителите на Кан Јунис, вториот по големина град во Газа, веднаш да се евакуираат, предупредувајќи дека во областа е неизбежен напад од невидени размери.

Во наредбата објавена на платформата X од страна на портпаролот на израелската армија за арапскиот јазик, Авичај Адраџ, се додава дека таа се однесува и на блиските области Бани Сухаил и Абасан.

Тој ги повика цивилите да се движат кон запад, во насока на ал-Маваси, објави телевизискиот канал Ал Џезира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот