Израел бомбардирање -

Израелската армија ги напаѓа позициите на Хезболах во Либан

Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните воени авиони извршиле воздушни напади врз позициите на Хезболах во областа на замокот Бофорт во Јужен Либан, како одговор на она што тие го нарекоа терористички активности што го прекршија ноемвриското примирје.

Според соопштението на израелската војска, цел биле „огнените и одбранбените позиции“ на милицијата, вклучувајќи складишта со оружје, воени објекти и подземна инфраструктура што ја користи Хезболах, објави денес „Тајмс оф Израел“.

Нападите се случија откако израелските сили открија активност на Хезболах во областа, што, според нив, е кршење на постоечкиот договор за деескалација на тензиите по израелско-либанската граница.

Хезболах сè уште официјално не го коментираше израелскиот напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот