Израелска армија / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Израелците убиле двајца вооружени напаѓачи во Западен Брег

Израелската армија соопшти дека во вчерашната „антитерористичка“ операција во Западен Брег елиминирала двајца вооружени напаѓачи „кои претставуваа непосредна закана за нашите војници во бегалскиот камп Нур Памс во Тулкарем“.

Тоа вчера беше втор напад на израелското военовоздухопловство врз Западниот Брег. Претходно, воздухопловните сили пукаа врз палестинско возило во близина на градот Џенин. Нападот бил насочен кон двајца високи членови на терористичката организација Исламски џихад.

Според палестинското Министерство за здравство во Рамала, во нападот во Џенин загинале три лица, а едно е повредено.

Израелската армија често извршува напади врз Џенин, тврдејќи дека градот е засолниште за палестинските милитанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот