Хамас Фото: ЕПА

Израел: Веројатно го ликвидиравме лидерот на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека израелската армија „веројатно“ го убила лидерот на Хамас, Мохамед Синвар.

„Елиминиравме десетици илјади терористи. Ги елиминиравме водачите на убијците – Деиф, Ханија, Јахја Синвар и веројатно Мохамед Синвар, рече Нетанјаху на прес-конференција

Мохамед Синвар беше цел на израелските воздушни напади минатата недела, кога војската нападна болница во јужниот дел на Појасот Газа.

Според палестинското Министерство за здравство, во тој напад загинале 28 Палестинци, додека повеќе од 50 биле ранети.

Нетанјаху повтори дека израелската воена операција во Газа нема да запре.

„Нашите сили окупираат сè повеќе територија во Газа“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот