Израел тврди дека убиле тројца команданти и 70 членови на Хезболах за два дена

Израелската армија (ИДФ) објави дека во изминатите два дена убила тројца команданти на Хезболах и околу 70 членови на таа организација и дека продолжува со „ограничени, локализирани и насочени напади“ врз инфраструктурата и милитантите во јужен Либан.

Еден ден откако потврди дека го убиле високиот функционер на Хезболах, Хашем Сафиедин, кој се сметаше за најверојатен наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, ИД ги прошири повиците за евакуација на уште неколку населби околу пристанишниот град Тир во јужна Либан.

Израелската офанзива принуди најмалку 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови, а во копнените и воздушните напади загинаа 2.530 луѓе, вклучително и најмалку 63 во изминатите 24 часа, соопшти либанската влада.

Хезболах не ги коментираше наводите на ИД за убиството на Сафиедин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот