Израелската војска мобилизирана во одбрана на земјатаа/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израел планира мобилизација на 100.000 резервисти за планираната офанзива во Газа

Израел ќе треба да мобилизира до 100.000 резервисти за проширената воена кампања во Појасот Газа, според плановите за распоредување објавени денеска од израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Весникот наведува дека плановите вчера ги одобрил началникот на Генералштабот на армијата, Ејал Замир.
Планираната офанзива предвидува заземање на градот Газа на север и уништување на Хамас во бегалските кампови во централна Газа.
Во наредните денови ќе се одржат дополнителни консултации за конкретниот план на дејствување, а вклучените дивизии и бригади ќе бидат информирани, објави „Једиот Ахронот“.
Според весникот, кампањата во градот Газа, особено во висококатните населби на запад и други северни делови на Појасот Газа, би можела да продолжи до 2026 година.
Минатата недела, Замир предупреди против целосно заземање на Појасот Газа, истакнувајќи го недостигот на персонал и исцрпеноста на распоредените војници.
Тој, исто така, нагласи дека воена инвазија на градот Газа би ги загрозила животите на заложниците за кои се верува дека се држат таму. Сепак,
Безбедносниот кабинет ја отфрли загриженоста на Замир и го одобри планот предложен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, предизвикувајќи остри критики дома и во странство. Проширувањето на војната во Газа се очекува да ја влоши катастрофалната хуманитарна ситуација во блокираниот Појас.
Градот Газа е најголемиот населен центар во северниот дел на територијата, дом на околу еден милион Палестинци, што е половина од вкупното население на Газа, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот