Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Израел ќе добие „шут карта“ од УЕФА

Израелските фудбалски клубови и репрезентации би можеле да се соочат со исклучување од сите натпреварувања во организација на УЕФА, по сличен модел како што тоа се случи со Русија. Како што пренесуваат повеќе европски медиуми, УЕФА планира гласање во вторник за ова прашање, а мнозинството членки наводно се наклонети кон изолација на Израел.

Притисокот за ваква одлука доаѓа од земји од Блискиот Исток, особено од Катар, каде влијателни личности како Насер Ал-Келаифи имаат силна улога во европската фудбалска политика.

Повод за ваквата иницијатива е наводниот напад на Израел врз Доха, поради присуство на лидери на Хамас.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот