
Израел го отфрла признавањето на Палестина, министерот за национална безбедност објави анексија на Западниот Брег
Десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ќе побара анјектирање на Западниот Брег на следниот состанок на кабинетот како одговор на денешната одлука на Обединетото Кралство, Канада и Австралија да ја признаат Палестина, објавија израелските медиуми.
Препорачано
Бен-Гвир додаде дека признавањето на палестинска држава претставува награда за терористите на Хамас и како такво бара итни контрамерки, објави „Тајмс оф Израел“. Тој, исто така, повика на анексирање на Западниот Брег и целосно распуштање на Палестинската самоуправа.
Зборовите на Бен-Гвир беа поддржани од Јицак Васерлауф, претставник на неговата партија „Оцма Јехудит“. „Земјата Израел му припаѓа исклучиво на народот на Израел – нема палестински народ и нема палестинска држава“, рече Васерлауф.
Израелско Министерство за надворешни работи посочи дека каатегорично ја отфрла одлуката на Обединетото Кралство и другите земји да ја признаат државата Палестина.
„Официјалната декларација за признавање од страна на Обединетото Кралство, Канада и Австралија дополнително го дестабилизира регионот и ги поткопува изгледите за постигнување мирно решение во иднина“, се вели во соопштението на Министерството, според „Тајмс оф Израел“.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, смета дека признавањето на независноста на Палестина од страна на запедните земји е чекор кон праведен и траен мир, соопшти неговиот кабинет.
Во пишаната изјава тој наведува дека „признавањето на правото на палестинскиот народ на самоопределување, слобода и независност ќе го отвори патот за спроведување на решението со две држави и ќе ѝ овозможи на палестинската држава да живее рамо до рамо со Државата Израел во безбедност, мир и добро разбирање“.