Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Изненадување во Холандија: Медведев елиминиран од 52-тиот тенисер во светот

Францускиот тенисер Адријан Манарино се пласираше во четвртфиналето на турнирот во холандскиот Хертенгош откако го елиминираше големиот фаворит Данил Медведев. Манарино е 52-ри тенисер во светот, а го победи рускиот прв носител на турнирот за еден час и 59 минути игра. Ова беше нивни шести меѓусебен дуел и четврта победа на 34-годишниот француски тенисер. Во четвртфиналето Манарино го чека победникот од дуелот помеѓу Австралиецот Џордан Томпсон и канадскиот тенисер Милош Раониќ. Наградниот фонд на турнирот кој се игра на трева изнесува 750.950 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот