Фото: Global Panorama/ Flickr

Измамниците ги уценуваат холандските компании со лажни прегледи на Гугл

Холандските компании се соочуваат со нов вид измама, бидејќи измамниците им даваат на своите профили на Гугл лажни, негативни прегледи, а потоа бараат пари за да спречат објавување на уште повеќе негативни коментари. Според извештајот на НОС, ова стана сериозен проблем за многу мали бизниси, кои се чувствителни на нивната онлајн репутација, пишува НЛ Тајмс. Измамниците на Гугл објавуваат десетици лоши прегледи на профилите на компаниите.

Овие негативни прегледи се појавуваат во резултатите од пребарувањето и на Гугл Мапс, а сопствениците на бизниси често добиваат ВотсАп пораки од странски броеви во кои се бараат стотици евра за да спречат понатамошни негативни прегледи. Малите бизниси, кои се потпираат на онлајн прегледи за да привлечат клиенти, станаа најчеста цел на овие измами. Компаниите не можат сами да ги отстранат овие прегледи; тие мора да побараат од Гугл да го стори тоа, што може да потрае од неколку дена до неколку месеци, пренесува Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот