Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Измамен 85-годишен старец од Скопје, измамникот му ветил дека ќе го излечи син му и ќе му најде работа

Измамник од Скопје, кој се претставил како полицаец, однел 50.000 денари од 85-годишен жител на Скопје, на кого му верил дека ќе му помогне да се излечи неговиот син, како и дека ќе му најде работа, соопшти полицијата.

„На 04.11.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 85 – годишен жител на Скопје пријавил дека на 01.11.2024 бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари. Според пријавеното, лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи за што му ги побарал парите. Како што е пријавено, откако му ги дал парите, телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот