
Изложба „Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива”
Изложбата „Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива” од денеска ќе биде отворена во Музејот на Северна Македонија, во чест на работата на фотографот и снимател Благоја Дрнков.
Препорачано
Благоја Дрнков дава значаен придонес кон унапредувањето на музеологијата и етнологијата. Тој оставил ненадминлива колекција на фотографии, документирајќи ги сите аспекти на традиционалната материјална и духовна култура, како и народното творештво и применетата уметност во Македонија. Она што го издвојува е неговиот посебен однос кон етнолошката документарна фотографија, која не е само гола регистрација на факти, туку претставува визуелен запис исполнет со експресија, љубопитност и енергија, велат од Музејот.
На изложбата ќе бидат презентирани 35 фотографии, кои се значајни чувари на меморијата како сведоштво за иднината.
Според организаторите, изложбата претставува обид да се потенцираат високите дострели во документирањето и презентирањето на нашето уметничко и културно наследство. Фотографиите на овој доајен на етнолошката фото-документација се врежани во колективната визуелна културна меморија, оставајќи многу повеќе од зборови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
29мин
-
43мин
-
44мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5