Фото: МИА/илустрација

Изгорел дуќан во Чаир

Дуќан во скопската населба Чаир изгорел во пожар рано утрово, соопшти МВР.

„Денеска (01.09.2025) во 04:56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во продажен објект, сопственост на Ј.И.(81) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот