Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Изгаснат е пожарот кај Пинтија
Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Препорачано
-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот – наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик.
ДЗС посочи дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети. Како што наведе, благодарение на присебната реакција на новинарката на ТВ 24 Енџи Николоска, која живее во близина и го пријавила пожарот, била спречена поголема катастрофа.
Николоска за МИА изјави дека се слушнал звук како пукање и кога видела дека се работи за пожар и од каде пламнал веднаш пријавила.
-Откако пријавив, имаше брза реакција и од пожарникарите, кои дојдоа со возилата, имаше и полиција, беше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Дојде и Брза помош, но за среќа нема повредени, има само материјална штета. Пожарот сега е изгаснат, рече Николоска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
13мин
-
18мин
-
21мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5