
Избрани најуспешните мажи за 2024 година: Главната награда отиде во рацете на пожарникарите и Стојанче Ангелов
Престижната манифестација „Мажи на годината“, која се одржа по 7-ми пат оваа година, а за прв пат во Националната Опера и Балет, ги додели наградите на најуспешните мажи за 2024 година. На настанот присуствуваа голем број на гости од различни области во бизнис секторот, јавниот живот, дипломатијата, а целиот настан беше организиран на највиско ниво.
Препорачано
Главната награда за „Маж на годината 2024“ беше доделена на пожарникарите, на чело со директорот на Центарот за управување со кризи, генерал Стојанче Ангелов, а останатите награди во следните категории беа:
Наградата за Менаџер на годината замина кај Ѓорѓе Војновиќ, генерален директор на Триглав.
Наградата за Маж со Стил оваа година ја доби Амбасадорот и Дипломат Кире Илиоски, кој има добиено признанија за успешна билатерална соработка на нашата држава со други.
Менаџер до 40 години оваа година е Бесник Исаки, директор на Бе-Да Логистик, фирма која носи паметни логистички решенија и услуги во транспор.
Наградата Млад менаџер на годината најзаслужено замина кај извонредниот млад талент Никола Велковски, основач на Хејрич и Ховицер, кој има направено најголема инвестиција во Македонија од 1 милион долари.
За Маж со најголем придонес во спортот беше избран Михајло Михајловски, претседател на Ракометниот клуб Вардар.
Мажи со најголем придонес во културата – познатото музичко дуо кои со својот придонес ја збогатија културната сцена, Александар Митевски и Драган Спасов Дац.
Маж со најголем придонес во општеството оваа година се додели на Сабри Азири,човек кој обезбеди над 1 милион евра донации за подобрување на здравствениот систем.
За Маж странец на годината беше прогласен Амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ, кој има активна улога во проширувањето на партнерствата и дава голема поддршка на реформите во земјата.
Хедонист на годината замина кај Денис Ампов, Country Manager на Ананас.
Маж на годината според социјални мрежи со 12.000 гласови убедливо победи Љупчо Крстевски, познат како Мр. Љубе на социјалните мрежи, a на јавноста уште од времето на К15.
Маж со трајни вредности оваа година наградата ја понесе Петар Георгиевски, основач на легендарниот македонски бенд Меморија.
Маж на годината според организаторите, решија да ја доделат на генерал Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК.
Веќе традиционално настанот беше збогатен со забавен дел од пејачките Калина и Полина, кои пееа македонски евергрини но и светски познати хитови, а по настанот гостите уживаа во коктел забава во фоајето на Националната Опера и Балет и диџеј сетот на Зоки Бејбе.
Оваа манифестацијата веќе прерасна во традиција, која и во следните години ќе го наградува успехот на секој маж за тековната година.