Фото: EPA/EFE / Justin Lane

Избрана поротата за судењето на Трамп во Њујорк

Адвокатите на судењето на Доналд Трамп во Њујорк избраа 12 членови на поротата која треба да одлучува дали е виновен за поткуп, рече судијата Хуан Мерчан.

– Ги избравме судиите. Ќе ги избереме и нивните замени – рече судијата Мерчан.

Додека новите поротници положуваа заклетва „за да ја проценат вината на фер и непристрасен начин, Трамп не го симна погледот од нив. Првиот поранешен претседател на САД кому му се суди во кривичен суд се надева дека ќе се врати во Белата куќа во 2025 година.

На помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат му се суди за обид да ја потплати поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс да не зборува за нивната афера што се случи неколку дена по изборите во 2016 година на кои тој ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Повеќе од три години по напуштањето на Белата куќа, Трамп може да биде осуден на затворска казна. Тоа нема да го спречи да биде претседателски кандидат на изборите на 5 ноември, каде што сака да му се возврати на Џо Бајден, но судењето може да ја фрли кампањата во сенка. Доколку биде ослободен од обвиненијата, тоа ќе биде голем успех за републиканскиот кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот