Фото: Turkish Airlines EuroLeague

Избран тренерот на сезоната во Евролигата

Шпанскиот стратег и тренер на Реал Мадрид, Чус Матео е избран за најдобар тренер во Евролигата.

Признанието кое го носи името „Александар Гомељски“ заслужено оди во неговите раце, ако се знае дека Реал беше најдобриот тим во основниот дел од сезоната на Евролигата со учинок од 27/7. Во плеј-офот со 3:0 ја елиминирааше Басконија и така обезбеди пласман на завршниот турнир.

„Кралевите“ во Берлин на крајот од месецот ќе ја бранат титулата која минатата година ја освоија во Каунас.

Со изборот Матео стана трет шпански тренер кој ја освоил оваа награда. Пред него истата ја освојуваа Чави Пасквал и Пабло Ласо. Во претходните две сезони добитник беше Јоргос Бароцкас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот