
Избелете ги и отстранете ги дамките од чорапите со една природна, но моќна состојка
Многумина кои носат бели чорапи (или ги перат) се запознаени со неизбежните темни дамки кои се појавуваат на нив. Тие обично не исчезнуваат сами или со перењето, а понекогаш дури и скапите средства за отстранување дамки не ги отстрануваат.
Препорачано
Лимонот е познат по својата моќ на избелување. Се користи за лесно и природно избелување на облеката, а за чорапи со флеки се користи на следниов начин, што го сподели Џахид Хасан, експерт од Hamlet Laundry, пренесува Експрес.
„Во свет каде што постојано сме бомбардирани со производи кои ветуваат побели алишта, лесно е да се заборави дека понекогаш наједноставните решенија се најдобри. Не мора да користите скап детергент полн со хемикалии за да ја исчистите вашата облека.” вели тој.
Лимонот содржи лимонска киселина која помага да се отстранат дамките. Неопходно е да се исцеди свеж лимон на чорапите, а потоа да се стави сол. Така треба да стојат најмалку триесет минути пред да се стават во машина за перење.
„Кога сакате да ја одржувате вашата облека свежа и светла без да користите агресивни хемикалии, сокот од лимон доаѓа како силна, природна алтернатива“, вели експертот.
Идеална комбинација: сок од лимон и сончева светлина
Испраните чорапи најдобро се сушат на сонце, бидејќи контактот на сончевите зраци и лимонската киселина предизвикува дополнително белење на алиштата.
„Комбинацијата на сок од лимон и сончева светлина делува како моќно природно избелувачко дуо, зголемувајќи го ефектот на избелување и оставајќи ја вашата облека да изгледа најдобро“, заклучи тој.