фото: Игор Паневски

Ивановски елиминиран во првото коло на челинџер турнир во Франција

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и покрај големата борба не успеа да го изненади вториот носител Калвин Емери на челинџер турнирот во францускиот град Троа. По два часа интензивна игра, Ивановски загуби со 2-0 во сетови (7-6, 6-4).

Првиот сет помина без ниту еден брејк, а Ивановски во осмиот гем успеа да спаси четири брејк топки. Сетот се решаваше во тајбрејк, каде што македонскиот тенисер имаше и сет топка, но сепак Французинот беше поснаодлив и го доби со 8-6.

Во вториот сет, клучниот момент се случи во петтиот гем, кога Емери направи брејк за водство од 3-2. Во завршницата, во 10. гем, Ивановски се обиде да се врати во мечот и спаси две меч топки и не реализираше две брејк шанси, но Французинот остана цврст на својот сервис и го приведе натпреварот до крај.

Следен предизвик за Ивановски ќе биде турнирот романскиот Јаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот