Билјана Ивановска / Фото: ТВ 24

Ивановска: 11 часа откако ја објавив кандидатурата полицијата затропа на мојата врата

Поранешната претседателка на Антикорупциска и кандидат за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска објави дека синоќа полицајци дошле да ѝ врачат кривична пријава. Таа вели дека не знае за што е кривичната и дека ја повикале на разговор во вторник (19 август).

„По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август“ пишува Ивановска на Фејсбук.

Таа додава дека нема што да крие, има чиста совест и не се плаши од никакви закани и ниски удари и притисоци.

„Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација. Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот“ додава Ивановска.

Вели дека навреме ќе ја информира јавноста за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но и Обвнителството како надлежна институција.

Ивановска вчера официјално ја објави кандидатурата за градоначалничка на Центар, од партијата во формирање Независни заедно.

Независните ја кандидираат поранешната прва антикорупционерка Ивановска за градоначалничка на Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот