Ла Скала/ Фото EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Италијанската Ла Скала ја отвора сезоната со изведба на руска опера

Италијанската оперска куќа Ла Скала ќе ја отвори новата сезона со изведбата на „Борис Годунов”, руска опера во изведба на руски уметници и нема да има културен бојкот и покрај руската инвазија на Украина.

– Јас не сум за лов на вештерки или за исфрлање на руски дела, изјави за новинарите Доминик Мејер, уметнички директор на театарот.

– Не се кријам додека го читам (рускиот писател Александар) Пушкин. Одлуката за избор на операта е донесена пред неколку години, додаде Мејер.

Главните улоги во операта „Борис Годунов” напишана од Модест Мусоргски ќе ги играат руските оперски пејачи, басот Илдар Абдразаков и сопранот Ана Денисова.

Почетокот на новата сезона во Ла Скала на почетокот на декември е еден од најважните италијански културни настани.

Веднаш по руската инвазија на Украина во февруари, театарот во Милано објави дека рускиот диригент Валери Гергиев нема да настапи на Скала бидејќи не ја осудил војната.

На прашањето од новинарите која е разликата во споредба со случајот на Гергиев, Мејер рече дека Ла Скала го смета рускиот диригент за своевиден политичар.

– Тој е еден вид руски министер за култура. Другите уметници се во поинаква позиција: добиваат награди и признанија, но тоа не ги прави поддржувачи на војната, додаде тој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот