
Италијанец го наследи Мурињо на клупата на Фенербахче
Откако не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите и беше елиминиран од Бенфика во плеј-офот, турскиот гигант Фенербахче се одлучи на смена на тренерската позиција и му врачи отказ на Жозе Мурињо.
Препорачано
Иако медиумите шпекулираа со неколку звучни имиња како можни наследници Анге Постекоглу, Един Терзиќ, па дури и Зинедин Зидан, челниците на клубот на крајот се одлучија за Италијанецот Доменико Тедеско.
„Доменико Тедеско е именуван за главен тренер на нашиот клуб“, соопштија денеска од Фенербахче.
Тедеско со клубот од Истанбул потпиша двегодишен договор, а ќе му помага поранешниот репрезентативец на Турција, Гокан Гонул.
Во својата тренерска кариера, Тедеско ги водеше Шалке 04, Спартак Москва, РБ Лајпциг и Ерцгебирге Ауе, а сега добива нов голем предзивик.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5