Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Италија планира да го намали ДДВ-то за уметнички дела

Италија планира да ја намали стапката на ДДВ за продажба на уметнички дела од сегашните 22 на 5 проценти, се вели во нацрт-уредба, објави Ројтерс. Даночната промена има за цел да им помогне на уметниците и сопствениците на галерии.

Порано оваа година, десетици уметници, вклучувајќи го и Маурицио Кателан, потпишаа писмо до италијанската премиерка Џорџа Мелони, барајќи намалување на ДДВ-то за да се поттикне купувањето уметнички дела.

Во писмото, тие рекоа дека е потребно Италија да се усогласи со другите водечки европски земји – Франција и Германија, кои применуваат стапки од 5,5 проценти и 7 проценти, соодветно, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот