
Истрагата за убиството на Кирк не укажува на никаква поврзаност со левичарски групи
Федералната истрага за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк сè уште не ја утврдила поврзаноста на 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството, со левичарски групи, и покрај изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјавија три извори запознаени со истрагата, објави NBC News.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Еден извор рече дека „досега нема докази што го поврзуваат осомничениот со какви било левичарски групи“, додека друг додаде дека „сите индикации се дека станува збор за лице кое го извршило злосторството затоа што ја сметал идеологијата на Кирк за лично навредлива“.
Два извори рекоа дека може да биде тешко да се покренат федерални обвиненија против Робинсон за убиството на Кирк, додека трет извор сè уште очекува да бидат поднесени некакви федерални обвиненија.

Некои од факторите што го отежнуваат покренувањето обвиненија на федерално ниво се тоа што Робинсон, жител на Јута, не доаѓал од друга држава, дека Кирк бил убиен за време на јавна дебата на Универзитетот во Јута Вали и дека Кирк не бил федерален службеник или избран функционер.
Чарли Кирк бил убиен на 10 септември додека се обраќал на студентите на Универзитетот во Јута.
Осомничениот, Тајлер Робинсон, бил уапсен и обвинет за убиство.