фото: Ivica Janev Icebbf/Bodybuilding and fitness federation of Macedonia

Историско злато за Македонија: Ивица Јанев стана европски бодибилдинг шампион

Најголемо досегашно достигнување во македонскиот бодибилдинг, Ивица Јанев, реномираниот бодибилдер од Македонија, уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух и стана Европски Шампион во Бодибилдинг класик физик златна ера на Бодибилдинг. Претходно ден пред тоа го прогласија за Вицешампион освојувајќи сребро во Бодибилдинг класик на Европското првенство кое се одржува во Санта Сузана, Шпанија.

Во првата категорија чиј натпревар се одржа вчера, 6 мај, Јанев го освои златото од вкупно 940 натпреварувачи, додека пак среброто на натпреварот кој се одржа на 4 мај го освои во конкуренција од 260 натпреварувачи. Вкупната бројка на пријавени натпреварувачи на Европското првенство надминува 2000.

– Прекрасен момент и искуство за мене како личност, спортист, татко, маж, нутриционист и ментор на многумина на кој му го менувам животот на подобро и поквалитетно, поздраво живеење! Успех на кој сум горд јас како индивидуа за постигнатото и се надевам и сите Вие кои ме подржувате сте горди и не ве разочарав, туку ве мотивирав да се борите во животот лавовски – вели Јанев.

Исто така на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржа во Скопје од 21 до 23 април, Јанев беше прогласен за Балкански Шампион во Бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за Бодибилдинг и Фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.

Втор месец е во победничка еуфорија, откако неодамна го освои и Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен Апсолутен шампион, организиран од најпрестижната федерација за бодибилдинг и фитнес во светот IFBB. Ивица има освоено шест злата и две титули Апсолутен Победник и една Про карта од 2 меѓународни натпревари одржани во Србија. На 7 април беше и Шампион на Македонија во Бодибилдинг Класик Физик.

Покрај неговите неодамнешни достигнувања, има долга листа на титули на своето име, вклучувајќи го и Шампион на Голд купот во Белград во 2018 година и државниот шампион во бодибилдинг до 90 килограми во Македонија во 2019 година. Тој беше прогласен и за апсолутен државен шампион за 2019 година. Таа 2019 години Ивица за првпат стана Балкански Шампион во Крф, Грција. Последната победа уште еднаш ја воспостави неговата позиција како врвен бодибилдер во Европа и тој продолжува да инспирира многу генерации за бодибилдери во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот