Погреб на загинат војник во Иран/Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

„Историски“ јавни погреби на 60 убиени офицери и научници утре во Иран

Утре во Техеран ќе се одржат јавни погреби за 60 високорангирани ирански офицери и нуклеарни научници што беа убиени за време на 12-дневната војна што ја објави Израел.

Церемониите ќе започнат во 8 часот по локално време во центарот на иранската престолнина, на Плоштадот на револуцијата.

– Таму ќе биде организирана кратка церемонија, а потоа погребните поворки на мачениците ќе се движат кон Плоштадот на слободата, кој е оддалечен 11 километри – изјави денеска за државната телевизија Мохсен Махмуди, верски службеник во покраината Техеран.

– Утре (сабота) ќе биде историски ден за исламски Иран и историјата на револуцијата – додаде тој, велејќи дека ќе бидат организирани „погреби на 60 маченици“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот