twitter/Darts News

Историја: Прва победа на жена над маж

Шерок заостануваше со 2:0 во сетови но успеа да направи голем пресврт и на крајот со 3:2 успеа да го победи Тед Евентс со што предизвика еуфорија во Александар палас во Лондон.

– Не можам да верувам што направив. Успеав да станам дел од историјата – изјави 25-годишната Шерок.

Светското првенство во пикадо се одржува на секои две години, и на него учествуваат 96 натпреварувачи, од кои само две места им припаѓаат на жените.

– Потребна ни е можност, шанса за да можеме да покажеме за што сме способни – додаде Шерок.
Интересно е што Фелон Шерок е само петтата Британка која настапувала на Светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот