
Истече суспензијата на Погба, кој би можел да му биде соиграч на Меси
Потсетување дека Пол Погба поради употреба на допинг доби 18 месеци суспензија, но од денеска веќе има право повторно да игра професионален фудбал.
Препорачано
Овој 32-годишен Французин е слободен играч откако во октомври минатата година го раскина договорот со Јувентус.
Погба моментно живее на Флорида, САД а се тврди дека голема е веројатноста да потпише со Интер Мајами каде настапуваат Лионел Меси и Луис Суарез.
Погба беше забележан како се среќава со претседателот на клубот Дејвид Бекам, а потоа присуствуваше на натпреварот на тимот против Њујорк сити на 23 февруари. Трансфер пазарот во САД е отворен до 23 април.
Францускиот играч за врска последен пат беше на теренот на 3 септември 2023 година, а оттогаш тренира само индивидуално. Погба досега во својата клупска кариера настапуваше за Манчестер јунајтед и Јувентус.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
60мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5