Исплатени субвенциите за полјоделски култури

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои во производната 2018 – 2019 година имаат засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, соја и сончоглед.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги исплати субвенциите за одгледувачите на полјоделски култури.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои во производната 2018 – 2019 година имаат засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, соја и сончоглед. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појасни дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

„Без селекција и во еден ден на сметките на 23.108 субјекти исплативме 376.122.517 денари. Со ова покажуваме дека во еден ден и без никаква селекција се исплатија сите кои одгледуваат полјоделски култури, со исклучок на тутунот“, истакна Бабовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!