Исланд

Исланд размислува за обновување на преговорите со ЕУ, јавната поддршка расте

Исланд има доволно јавна поддршка за обновување на преговорите за приклучување кон Европската Унија, изјави денес министерката за надворешни работи на земјата, Торгедур Катрин Гунарсдотир, пред посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на островската држава.

Нејзината посета, според „Политико“, ќе се случи во време кога Исланд ги разгледува последиците од трговската војна меѓу нејзините два најголеми трговски партнери, САД и ЕУ, со растечки притисок од Вашингтон за зајакнување на својата одбрана, како и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на соседниот Гренланд.

„Би рекла дека постои јавна поддршка за повторно отворање на преговорите“, изјави Гунарсдотир за бриселскиот портал, нагласувајќи дека обновувањето на преговорите „е од суштинско значење во контекст на геополитичката ситуација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот