Фото: UEFA

Исак од прва минута! Изненадување во составот на Ливерпул

Фудбалска спектакуларна вечер е пред нас – Ливерпул на „Енфилд“ го пречекува Атлетико Мадрид во дербито на вечерта од Лигата на шампионите. Паралелно ќе играат и Баерн – Челси, ПСЖ – Аталанта, како и Ајакс – Интер.

Најголемата вест доаѓа од Ливерпул – рекордното засилување Александар Исак ќе дебитира во црвениот дрес и тоа веднаш од првата минута, на своето деби во Лигата на шампионите за новиот клуб.

Шведскиот напаѓач ќе го предводи нападот заедно со Коди Гакпо и Мохамед Салах, додека младиот Уго Екитике ќе ја чека својата шанса од клупата.

Состави:
Ливерпул: Алисон – Фримпонг, Конате, Ван Дајк, Робертсон – Гравенберх, Собослај, Вирц – Салах, Гакпо – Изак.
Атлетико Мадрид: Облак – Љоренте, Ле Норман, Ленгле, Галан – Симеоне, Бариос, Галагер, Гонзалес – Распадори, Гризман.

Извор: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот