Фото: 3D generator / Alamy / Profimedia

Ирански суд нареди ампутирање на рацете на тројца осудени за кражба

Иранските судски власти денес објавија дека тројца мажи осудени за кражби биле подложени на ампутација на раце, казна што ретко се изрекува, но е предвидена во иранскиот кривичен законик.

Таа обично се применува во случаи на повторени кривични дела.

„Казната ампутација на раце за тројца професионални крадци, кои извршиле бројни кражби, е извршена во покраината Западен Азербејџан“, во северозападен Иран, според иранската агенција Мизан Онлајн, која е поврзана со судските власти во земјата.

Според истиот извор, осудените биле уапсени пред неколку години и против нив имало десетици жалби од различни покраини во земјата.

Мизан Онлајн нагласува дека ампутацијата е извршена откако Врховниот суд ја потврдил казната откако осудените одбиле да ја вратат украдената стока – главно златен накит.

Во последниве години, невладините организации за одбрана на човековите права постојано го осудуваат извршувањето на казни за ампутација во Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот