
Ирански пратеници бараат повлекување од Договорот за неширење на нуклеарно оружје
Шеесет ирански пратеници денеска побара Иран да се повлече од глобалниот Договор за неширење на нуклеарно оружје (НПТ) како одговор на претстојното повторно воведување на меѓународни санкции против Исламската Република.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
НПТ им забранува на земјите без нуклеарни арсенали да имаат нуклеарно оружје.
Во иранскиот парламент мнозинство се ултраконзервативците, кои подготвуваат предлог-закон за повлекување од НПТ, но последниот збор за ова прашање го имаат Високиот совет за безбедност и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Германија, Франција и Велика Британија неодамна го активираа механизмот за повторно воведување на санкциите на ОН против Иран.
Трите европски земји се заканија дека на есен ќе го иницираат механизмот за враќање на меѓународните санкции кон Иран согласно со Договорот за иранската нуклеарна програма, кој предвидува значителни ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за постепено укинување на санкциите од ОН.
Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран.
Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.
Иран тврди дека нуклеарна енергија е за цивилни цели и негира дека сака да се стекне со атомска бомба, во што се сомневаат западните земји.