БРИКС Самит / ФотоЕPA-EFE/KIM LUDBROOK

Иран сè уште не се обратил до БРИКС во врска со конфликтот со Израел

Иран сè уште не се обратил до организацијата БРИКС во врска со ескалацијата на конфликтот со Израел, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

На прашањето дали може да се очекува координиран одговор од БРИКС во врска со нападот на Израел врз Иран, Рјабков рече дека „сè во голема мера зависи од земјата што станала цел на ова грубо кршење на темелите на меѓународното право“, пренесува ТАСС.

„Со оглед на тоа што Иран е земја-членка на БРИКС, иницијативата треба да дојде од Иран. Лично, не сум сигурен дека Иранците сега сакаат да го форматираат ова прашање во БРИКС“, рече Рјабков.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја започнаа операцијата „Рајз лав“ во четврток вечерта, во која израелските воздухопловни сили нападнаа воени цели и локации на иранската нуклеарна програма за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Иран соопшти дека одговорил на „бруталниот израелски напад“ во операцијата „Вистинско ветување 3“ со испукување десетици ракети кон земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот