
Иран ќе ѝ дозволи пристап на Меѓународната атомска агенција до бомбардираните нуклеарни постројки
Иран планира да соработува со нуклеарното надзорно тело на ОН и покрај ограничувањата наметнати од неговиот парламент, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, но нагласи дека пристапот до неговите бомбардирани нуклеарни постројки претставува безбедносни проблеми, пишува Ројтерс.
Препорачано
Новиот закон предвидува дека секоја идна инспекција на нуклеарните постројки на Иран од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да добие одобрение од Врховниот совет за национална безбедност, највисокото тело за безбедност на Иран.
„Ризикот од ширење радиоактивни материјали и ризикот од експлодирање на остатоци од муниција се сериозни. За нас, пристапот на инспекторите на МААЕ до нуклеарните локалитети има и безбедносен аспект, а безбедноста на самите инспектори е прашање што мора да се испита.“, изјави Аракчи, цитиран од државните медиуми.
Иако соработката на Иран со нуклеарниот надзорник не е запрена, таа ќе добие нова форма и ќе биде водена и управувана преку Врховниот совет за национална безбедност, им рече Аракчи на дипломатите со седиште во Техеран.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
26мин
-
41мин
-
41мин
-
46мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5