
Иран го повика МКС да ја запре израелската агресија врз Газа
Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, испрати барање до Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ја запре, како што наведе, „израелската агресија во Појасот Газа“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иранското Министерство за надворешни работи денеска на својот канал Телеграм објави дека министерот Амир-Абдолахиан испратил писма со ваква содржина на барањето до претседателот и главниот обвинител на МКС, Пјотр Хофмански и Карим Ахмад Кан.
Шефот на иранската дипломатија, според извештаите, побарал од претставниците на МКС да ги забрзаат сослушувањата „во врска со неодамнешните злосторства во Појасот Газа“, пренесуваат агенциите.
„Варварското бомбардирање на Појасот Газа и израелската инвазија на енклавата, во која загинаа повеќе од 14.000 цивили, а најмалку 32.000 беа ранети, се јасни примери за воени злосторства“, соопшти Министерството.
Иранското министерство тврди дека станува збор за злосторства против човештвото и геноцид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
22мин
-
37мин
-
47мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5