Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Иран го обвини Израел за нападот во Сирија во кој загинаа најмалку 16 лица
Техеран го обвини Израел за „криминален напад“ на централниот дел на Сирија, каде, според државните сириски медиуми, загинаа најмалку 16 луѓе.
Препорачано
„Остро го осудуваме овој криминален напад на ционистичкиот режим врз сириска територија“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Според сириските државни медиуми, во нападот, за кој го обвинуваат Израел, врз провинцијата Хама во текот на ноќта загинаа најмалку 16 лица, а над 40 се повредени.
Тоа е најсмртоносниот израелски напад врз Сирија од наводниот израелски напад врз иранската амбасада во Дамаск во април. Засега нема коментар од Израел, кој вообичаено не ги коментира извештаите за напади во Сирија.
Сириската државна агенција САНА соопшти дека нападите биле извршени околу 23 часот и 20 минути, без да прецизира кои цели. Сириската противвоздушна одбрана соборила некои од проектилите.
Сириското Министерство за надворешни работи го окарактеризира нападот како манифестација на отворена агресија. Покрај 16 загинати и десетици повредени, причинета е материјална штета на станбени населби, се вели во соопштението на сириските власти.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13сек
-
11мин
-
15мин
-
25мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5