Израел иран војна

Иран ги зголемил резервите на ураниум пред нападот на Израел

Иранските резерви на ураниум збогатени до 60 проценти, ниво блиску до потребното за производство на нуклеарна бомба, се зголемиле малку пред Израел да ги нападне нуклеарните постројки на Исламската Република на 13 јуни, се наведува во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) цитиран од  американските медиуми.

Во извештајот на МААЕ се наведува дека на 13 јуни иранските резерви на ураниум збогатени до 60 проценти во форма на ураниум хексафлуорид, кој може дополнително да се збогати во центрифуги, изнесувале 440,9 килограми.

Според МААЕ, тоа е доволно за да се направат 10 нуклеарни бомби, ако ураниумот дополнително се збогати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!